RSS Feed
Дојран
Дојранско Езеро
Туризам
Локална Самоуправа
Архива
- ► 2013 (1)
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗА ПРОСЛАВАТА 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ |
![]() |
![]() |
Централната прослава ќе започне на 8-ми септември, во 18 часот пред Собранието со обраќање на претседателот Трајко Вељаноски и предавањето на Декларацијата за независност на гардата на Република Македонија, која ќе ја проследи до новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Во чест на предавањето на Декларацијата ќе се одржи свечено дефиле на сите единици на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи придружувани од Воениот оркестар. Со настапот на единиците ќе биде заокружена првата тематска целина од процесијата која понатаму ќе продолжи пред Портата Македонија - симболот на големата историска победа -независноста на Република Македонија. Кулминацијата на свечената прослава ќе се случи на централниот плоштад каде ќе биде изведен музичко-сценскиот спектакл "МАКЕДОНИУМ" во кој ќе учествуваат преку 300 уметници. Премиерно ќе биде изведена и композицијата "Македонија" избрана на конкурсот на Министерството за култура, која ќе ја интерпретираат 20-тина естрадни ѕвезди. Премиерната визуелизација на "МАКЕДОНИУМ", ќе се случи на досега најголемата сцена поставена на плоштадот која ќе биде долга 40 метри и ќе биде опремена со најсовремена сценска техника и технологија.
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
|