RSS Feed
Dojran
Dojran Lake
Tourism
Municipality
Архива
- ► 2013 (1)
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
УПАТСТВО ЗА ДОБИВАЊЕ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ВО РАМКИ НА ИПАРД |
![]() |
![]() |
Со цел навремено и комплетно доставување на документација за добивање на одобрение за градење за објекти во рамки на ИПАРД програмата го објавувавеме следното:
У П А Т С Т В О за добивање на одобрение за градење за објекти кои во рамки на ИПАРД програма се градат на градежно земјиште за кое е донесена урбанистичко - планска документација
За добивање на одобрение за градење инвеститорот поднесува писмено барање (образец на барањето) до општината на чие подрачје треба да се гради објектот. 2. архитектонско-урбанистички проект заверен од надлежен орган доколку со урбанистичкиот план или локалната урбанистичка планска документација е предвидена изработка на овој проект; 3. основен проект во три примероци со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект доколку истиот е изработен во странство; 4. доказ за право на градење (имотен лист со запишано право на сопственост или право на долготраен закуп односно право на службеност на градежното земјиште на барателот или договор за пренесување на правото на градење на предметното градежно земјиште);
Општината е должна во рок од 15 дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали истата е комплетна, дали основниот проект е изработен во согласност со законските прописи и планската документација и дали барателот е единствен носител на правото на градење.
Доколку доставената документација не е комплетна и/или основниот проект не е изработен во согласност со законските прописи и планска документација, субјектите надлежни за електроенергетска, водоводна и канализациона инфраструктура како и другите надлежни субјекти имаат забелешки и/или барателот не е единствен носител на правото на градење, општината е должна да донесе заклучок за прекинување на постапката и да го задолжи барателот да ги отстрани констатираните недостатоци и да го дополни барањето во рок од 15 дена од денот на приемот на заклучокот. Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето, надлежниот орган е должен да донесе решение за одбивање на барањето за одобрение за градење во рок од седум дена од истекот на рокот за дополнување, а доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да достави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (комуналии), во рок од два дена од комплетирањето на документацијата. тел: 034/225-278 e-mail: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
|