RSS Feed
Дојран
Дојранско Езеро
Туризам
Локална Самоуправа
Архива
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
| Риболов |
|
|
|
Риболовот на Дојранското Езеро отсекогаш бил главна економска активност за локалното население. Во минатото, во светската научна литература езерото е претставувано како едно од најпродуктивните езера во Европа, играјќи значајна улога во обезбедувањето на локалното население со риба. Просечниот годишен улов претставувал 50% од вкупниот национален улов на риба во РМ (пред започнувањето на поинтензивна изградба на вештачки рибници). Дојранското Езеро е исто така познато по уникатниот начин на рибарење. Од најстарите времиња, локалните жители ја користеле трската на најразлични начини, вклучително за рибарење. Големи количини на трска се користеле за правење на специјални стапици за риби, со различна форма, дизајн и големина (мандра, насека, фунта). Рибарите притоа ловат водни птици, на кои им се сечат примарните перја и ги чуваат близу мандрите. Овие птици всушност се користат како гоничи на рибата во рибарските стапици. Ваквата стара техника за рибарење е многу ефикасна, бидејќи само од една мандра на ваков начин може да се уловат од 20 000 до 30 000 килограми риба. Опаѓањето на нивото на водата на езеротои влошувањето на нејзиниот квалитет, имаше негативно влијание на начинот на ловење на риби и на самиот рибен фонд. Риболов со помош на уграда-мандра
Подготовките на мандрите и риболовењето со нив. Истовремено додека се извршуваат тие наведени работи, почнува и чувањето. Односно одередени рибари стојат на покривот од ловиштето и со викање и мавање камења со помош на прашча се гонат рибите. Чувањето се врши и на белата вода, каде еден рибар со коработ се движи на просторот одреден за мандрата за да ги гони исто така пилците. Такви најопасни пилци (птици) за рибарите односно мандрите се: гарото, корморанот, ачкото, ќурицата, лиската, алигото и куклаката. Во почетокот на месец декември се поставува и пиликатникот. Тоа е време кога се заладува.Пиликатникот се поставува на тивко место каде што птиците нема од кого да се плашат и на тишина доаѓаат до пиликатникот, за да се најадат риби кои се мртви и оставени од рибарите. На тој начин најмногу се фаќаат пилците: браниште, креа, кукалка, гаро и др. Секое утро се оди кај пиликатникот за да се стават нови мртви риби, а поручек околу 3 часот повторно се посетува пиликатникот за да се види да ли се има фатено или влезено пиле. Доколку има фатено пиле во пиликатникот се зема прешник и се затвара вратата на пиликатникот, се дига мрежата со која е покриен пиликатникот и со повла се фаќаат пилците. Потоа се запетлуваат крилјата и се ставаат на суво додека да се пренесат до мандрата. Ако мандрата не е градена, пилците се ставаат во гиливор (езерски простор заграден со леси, а со помош на на колци и покриен со мрежа). Рибарите секој ден им фрлаат риби. Тука остануваат се до градење на мадрата. Во месец декември или јануари ако се констатира дека мандрата има доволно соберено риби, во еден убав мирен ден (временски непогоди да нема) почнува градењето на мадрата.
Треба да кажеме дека таа парцела по страните е заградена и со мрежа за да не бегаат пилците. Исто така се прави и со втората парцела, па третата и се до последната. Редоследот на парцелите е по ред почнувајќи од таа која е према ширината на Езерото т.е. од првиот котец се оди кон вториот котец кога завршуваат првите парцели. Сега започнува вториот ред на парцели, одејќи обратно (ако првите парцели се користеле по ред лево – десно, па во третиот ред пак лево – десно и се така до последната парцела). Треба да знаеме и тоа кога се користат парцелите од било кој ред, на тој ред се прават котеци со иста намена како и првите два. Така да една мандра може да биде поделена на 12 – 16 парцели. А колку време се обработува една парцела зависи од бројноста на рибата, временските услови и.т.н. Штом се завршува една парцела се се дигаат лесите и таа веќе не постои. Кога ќе остане една парцела (последната) таа парцела се нарекува мома. На момата исто така се прави котец и кога ќе се пуштат пилците во момата сите риби бегајќи од нив одат во котецот. Рибарите сега со повла ја црпат рибата. Веќе е пролет на пилците им се пораснати крилјата и можат да си одлетаат. Од една мандра порано се ловело до 50 тони риба.
|

















