ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ВО СТАР ДОЈРАН Print

На 01.11.2010 година официјално започна првата фаза од изградбата на крајбрежната пешачка патека во Стар Дојран со должина од 3,5 км. Во првата фаза ке бидат опфатени 379 метри почнувајќи од

Градското пазариште па се до хотелот Престиж и се планира да се зафрши до крајот на месец Мај 2011 година. Инвеститор на проектот е "Министерството за транспорт и врски на РМ" а изведувач е градежната фирма "ВИА" ДОО Вевчани. Патеката е дел од проектот „Изградба на пешачки патеки, хортикултурно уредување и осветлување околу езерата во Република Македонија“ на Министерството за транспорт и врски на РМ. За тековните градежни активности на патеката може да погледнете во галеријата подолу.

 

  • Галерија