ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ ЗА ПРОСЛАВАТА 20 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ Печати

По повод прославата " Заедно под едно сонце, за 20 години независност", ќе има организиран бесплатен автобуски превоз за жителите на општина Дојран. Автобусот ќе тргне на 8ми Септември во 14:00 часот од автобуската станица во Стар Дојран следна станица Нов Дојран и ќе кружи низ селата Николиќ, Црничани и Фурка. Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на прославата, треба да ја пополнат електронската пријава која може да ја најдете подолу после текстот со кликање на истата.

 

Централната прослава ќе започне на 8-ми септември, во 18 часот пред Собранието со обраќање на претседателот Трајко Вељаноски и предавањето на Декларацијата за независност на гардата на Република Македонија, која ќе ја проследи до новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност. Во чест на предавањето на Декларацијата ќе се одржи свечено дефиле на сите единици на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи придружувани од Воениот оркестар. Со настапот на единиците ќе биде заокружена првата тематска целина од процесијата која понатаму ќе продолжи пред Портата Македонија - симболот на големата историска победа -независноста на Република Македонија.

Кулминацијата на свечената прослава ќе се случи на централниот плоштад каде ќе биде изведен музичко-сценскиот спектакл "МАКЕДОНИУМ" во кој ќе учествуваат преку 300 уметници. Премиерно ќе биде изведена и композицијата "Македонија" избрана на конкурсот на Министерството за култура, која ќе ја интерпретираат 20-тина естрадни ѕвезди. Премиерната визуелизација на "МАКЕДОНИУМ", ќе се случи на досега најголемата сцена поставена на плоштадот која ќе биде долга 40 метри и ќе биде опремена со најсовремена сценска техника и технологија.
По обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски ќе следи и грандиозното пуштање во употреба на фонтаната на плоштадот Македонија со споменикот Воин на коњ.

 

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО