5-ти НОЕМВРИ Print
Почитувани, по повод празникот 5ти ноември, денот на ослободувањето на Дојран, ни претставува чест и задоволство да Ве поканиме на пригодната прослава и одбележување на овој значаен ден за Дојран и дојранчани. Шест децении по ослободувањето на Дојран, се уште се свежи сеќавањата на оние што учествуваа во крвавите борби. Дојдете на 4ти ноември заедно да го прославиме значајниот ден, да се потсетиме за никогаш да не го заборавиме придонесот на оние кои учествуваа во Ослободителната Борба и оние кои го положија сопствениот живот за нашиот Дојран.
 
 
ПРОГРАМА
 
09:30 Крос на учениците ОУ "Кочо Рацин" Нов Дојран.
09:45 Положување свежо цвеќе на спомен обележјето во паркот во Нов Дојран и културна програма подготвена од учениците при ОУ "Кочо Рацин".
10:15 Положување свежо цвеќе на спомен обележјето во Стар Дојран.
10:30 Прием на гостите кај Градоначалникот на Општина Дојран во просториите на општината:
- Доделување плакети за придонес кон развојот на Општина Дојран
- Ликовна изложба.
11:00 Мал коктел
12:00 Спортски активности.
*Свечената седница, доделувањето на плакета и коктелот ќе се одржат во просториите на Општина Дојран.
 
 
Градоначалник на општина Дојран
Глигор Чабулев