ДОЈРАН ДОБИ СУВЕНИРНИЦА Печати

Во понеделникот (02.07.2012) во Општина Дојран свечено беше пуштена во употреба сувенирницата која се наоѓа во самиот центар на Стар Дојран, во непосредна близина на автобуската станица. Министерката Елизабета Канческа Милевска во присуство на градоначалникот на Општина Дојран г-дин Глигор Чабулев и директорот на народниот музеј во Гевгелија г-дин Емил

Сламков, изјави дека и оваа продавница за сувенири, како и останатите кои се распоредени низ различни градови во Македонија ќе нуди реплики од експонати од Музејот на Македонија, од предмети најдени на археолошки локалитети или апликации од автентичен накит. Во нив ќе има и сложувалки, приврзоци, магнети, копии од новите државни споменици, а ќе се продаваат и книги и брошури.


Министерката Канческа Милевска доаѓањето во Дојран го искористи за да ја посети црквата Св. Илија која во моментов се реставрира и исто така, ги посети музејот и летната сцена кои се уште се во изградба.