ИЗВЕСТУВАЊЕ ОКОЛУ ЗАПРАШУВАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ И МУВИ Print

Во врска со запрашувањето против комарци и муви Ве известуваме дека истото ќе се врши во три интервали, поточно во два дена и тоа  во среда (11.07.2012) од 20:00 до 24:00 часот во горните зони (ридско подрачје). Во четврток (12.07.2012) со почеток од 04:00 до 07:30 часот во централните подрачја долните зони (шеталишта, паркови, главен

пат итн..) и во 20:00 до 24:00 часот во горните зони (ридско подрачје). Запрашувањето се одвива на територијата на Стар и Нов Дојран во наведените датуми и време.

Се известуваат сопствениците на пчелните семејства од подрачјето на Општина Дојран во наведениот период да ги превземат сите мерки за заштита на пчелните семејства.