ЗАВРШИ Д-ФЕСТИВАЛ 2012 Печати

Синоќа на паркингот "Гранит" се одржа второто издание на Д-Фестивал. Топлото време со жолта алертна фаза не беше пречка за неколку илјадната публика да ужива во концертот. Фестивалот го отворија домашните рок легенди Зијан, кои уште еднаш докажаа дека се мајстори за настапи во живо и потсетија на хитовите како Пушти коси, Елизабет итн. Втори на сцената беа

членовите на грчкиот состав Baildsa, кои иако се првпат во Македонија, со својот енергичен настап предизвикаа вистинска еуфорија во публиката. Ваквата атмосфера продолжи и за време на настапот на белграѓаните С.А.Р.С., кои и се добро познати на македонската публика. За крај посетителите имаа можност да уживаат во сетот на британската музичарка Sonique, која го заврши настапот со познатите хитови Sky и It feels so good.

 

 

  • Галерија 

 

фото: Антена 5 радио