ДЕН НА ВОДИТЕ 2013 Печати

Светскиот Ден на Водите, 22 март 2013 година е во знак на воспоставување на добрососедски односи помеѓу државите кои ги соединува водена површина (реки, езера или мориња). Главна мотивација и идеа за настанот е соединување за заедничка цел и соработка околу водата.

 

По тој повод Спелеонуркачки Клуб "Врело" ќе организира заедничка еко-акција со нуркачи од цела Македонија, во соработка со нуркачи од Грција. Целта е преку еколошка акција за отстранување на еден заеднички проблем со загадувањето на водата во Дојранското Езеро, нуркачите од двете соседни земји да допринесат во подобрувањето на меѓусебните односи и воедно да ја подигнат свеста на јавноста за важноста на водите.

Акцијата ќе се одржи во Дојран на 21 и 22 март 2013 година, на целата површина од езерото. Главната акција за јавноста ќе биде на 22 март од 11:00 до 13:00 часот на градската плажа, во потегот од просториите на општината до хотелот Полин.

Активноста е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Очекувана поддршка од амбасадите на САД и Норвешка.