ИНФОРМАТИВЕН СОСТАНОК СО ПРИВАТНИТЕ ИЗДАВАЧИ НА ЛЕГЛА Печати

Во Понеделник (29.04.2013) со почеток во 19:00 часот во салата на хотел „ Полин“-Стар Дојран ќе се одржи информативен состанок со издавачите на легла во приватните домакинства. На состанокот од страна на комисијата за вршење категоризација формаирана од градоначалникот, издавачите ќе бидат непосредно запознаени со законската обврска за категоризација на леглата.

Апелираме на информативниот состанок да присуствуваат што поголем број на издавачи на легла заради навремено извршување на категоризацијата на сместувачките објекти.

 

Градоначалник

Борче Стамов