ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УП ЦРНИЧАНИ, ФУРКА, ЃОПЧЕЛИ И НИКОЛИЌ Печати

Врз основа на член 24 став (1) и став (4)  од Законот за Просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), како и член 123 од Законот за Просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“, бр. 199/14, 44/15, 193/15 и 31/16) и член 50 од Законот за Локална самоуправа („Службен весник на РМ“, бр. 5/02), Градоначалникот на општина ДОЈРАН го дава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица од просторот и кои граничат и се опфатени со утврдениот опфат на Урбанистичките планови за селата ЦРНИЧАНИ и разработка на Блок 4 И 5, КО.Црничани, Урбанистичкиот план за село ФУРКА и разработка на Блок 7, КО.Фурка, Урбанистичкиот план за село ЃОПЧЕЛИ, КО.Ѓопчели и Урбанистичкиот план за село НИКОЛИЌ и разработка на Блок 1,2,3,4,5 и 6 КО.Николиќ, дека Градоначалникот на општина Дојран донесе Решение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета за донесување на Урбанистичкиот план, изработен од ДГТУ,,НИМАЕР,,Благоја Дооел Струга д.е.Скопје.

Урбанистичките планови ќе бидат изложени на Огласната табла во зградата на општина Дојран, во село Црничани на излогот од трговскиот  дуќан  во центарот на селото, село Фурка на излогот од трговскиот  дуќан  во центарот на селото, село Ѓопчели во централното подрачје на селото, во село Николиќ на две јавни места на излогот од двата постојни трговски дуќани во селото во рок од десет работни дена од денот во објавувањето во јавните гласила, почнувајќи од 11.04.2017 година до 26.04.2017 година секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Контакт тел.: 034/225-278.

Јавната презентација на планот ќе се одржи на ден 26.04.2017 година на следните локации:

 

  • во просториите на основното училиште во село Црничани со почеток во 12:00 часот;
  • во просториите на основното училиште во село Фурка со почеток во 14:00 часот;
  • во просториите на основното училиште во село Ѓопчели со почеток во 16:00 часот;
  • во просториите на месна заедница во село Николиќ со почеток во 10:00 часот.

 

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во општина Дојран и на местата каде што е изложен планот.

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови.

 

ПРИЛОЗИ: