ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ДОЈРАН Печати

Почитувани граѓани,

 

                 Во недостаток на општинско гласило ќе се обидам со оваа кратка информација да Ве информирам за превземените состојби во општината од денот на моето примање на функцијата Градоначалник на општина Дојран и моменталните состојби во општината.

Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште на општина  Дојран за 2009 година како и Програмата за  изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во   општина Дојран за 2009 година  превзедовме активности за кои сметавме дека се битни за локалниот економски развој на општината а со  нивната реализација да се подобри економската и материјална моќ на граѓаните од општината.

                1.Уредување на крајбрежјето на Дојранското Езеро со акцент на Градската плажа во Стар Дојран и плажата Калдрма во Нов Дојран.

                -Сечење на трската во Езерото во делот на Градската плажа.

               -Чистење на напуштеното езерско корито од новопоникнатите растенија и посипување со песок.

               -Реконструкција на целокупната инфратсруктура на плажата (чадори, соблекувални, тушеви и сл.).

              -Реконструкција на Потпорниот зид на Градската плажа.

              -Реконсктрукција на Градските клозети.

              -Уредување на зелените површини.

              -Уредување на паркинзите.

              -Реконструкција на уличното осветлување на Кејот во

Централното подрачје на Стар Дојран.

              -Обновување на клупи за седење, канти за ѓубре,  Систем за

поливање и сл.

              -Изградени игралишта за спортови на плажа со изградена бетонска трибина.

               -Одобрен проект за изградба на нов Јавен клозет во централното подрачје на Градската плажа во Стар Дојран.

               -Отворен пункт за масажа за промоција на КАЛТТА од Дојранското Езеро.

 

            

 

 

              2. Улично осветлување

 

              -Набавени се електрични материјали за оспособување на сите постоечки електрични улични светилки и додадени нови во сите населени места во општината.

               -Приготвен проект за замена на живините светилки со еколошко-економски светилки со што ќе се заштеди електрична енергија а со тоа и намалат трошоците за енегијата за улично осветлување.           

 

 

               3. Урбанизам

 

              -Започната е реализација на изградба на тротоари во населбата Нов Дојран и тоа од Калдрма до Нов Дојран и од Бензинска пумпа до хотел Истатов.

              -Планирано асфалтирање на улици во Нов Дојран.

              -Започната е реализација за чистење на површината за плацеви во месноста Карач во Стар Дојран.

              -Изградена нова платформа за пазариште на тезгите за бижутерија, текстил и сл.

 

               4. Водоснабдување

 

            Започната е реализација за изградба на нов потисен цевковод за подобрување на водоснабдувањето на населбите Нов Дојран и Стар Дојран.

           Извршени се повеќе интервенции на постоечкиот  водоводен систем во Дојран и населбата Фурка.

 

                5. Комунално уредување

 

              -Зголемен е бројот на извршителите за собирање на отпадот, воведени беа повеќе смени така да за време на туристичката сезона сметот се дигаше навреме и транспортираше до депонијата.

             -Во рамките на Проектот на Владата за ангажирање на корисници на социјална помош ангажирани се 17  невработени лица од повеќе населби од општината.

                -Во тек се активности за отстранување на  дивите  депонии во сите населени места.

                -Во тек се активности за чистење и уредување на банкините на локалните патишта.

                -Во тек се активности за чистење и трасирање на патеки до месноста Фердинанка за промоција на културниот туризам.

                -Во тек се активности за санација на сите неасфалтирани улици со машинско поравнување.

 

                  6. Култура

 

               -Одржана по 33-ти пат Културана манифестација Дојрански ракувања под мотото Светлините на Полин со 15 претстави со различни културни содржини.

              -Средба со учесниците на Мото-крозот во чест на Денот на независноста на РМ-празникот 8-ми Септември.

              -Одржана манифестацијата Дојранска автетика.

 

              7.Образование

 

               Во делот на основното образование имаме превземено и изготвено  повеќе проекти за реконструкција на училиштата во Нов Дојран, Николиќ, Ѓопчели и Стар Дојран.

 

              8. Проекти

 

              Имаме изготвено повеќе проекти и аплицирано до надлежните институции и донаторски куќи од областа на секундарната канализациона мрежа, водоснабдувањето, културата, локалните патишта, земјоделството и сл.

 

              Почитувани граѓани,

              Како што гледате од напред наведеното, имаме превземено повеќе активности, но во повеќето од нив се употребува зборот во ВО ТЕК, односно зборот ЗАПОЧНАТА.

 

              За да се реализираат сите напред наведени активности, согласно Закнот за буџетско работење и Законот за трезорско работење,  потребно е да се извршат Измени и дополнувања на Буџетот на општина Дојран за 2009 година.

             Измените и дополнувањата треба да ги усвои Советот на општина Дојран.

              Буџетот им е предаден на членовите на Советот на општина Дојран уште во текот на месец јули 2009 година. Досега се одржаа три седници но од необјасниви  причини Советот досега ги нема донесено Измените и дополнувањата на Буџетот така да реализацијата на повеќе од наведените активности-проекти е стопирана и доведено е во прашање дали воопшто ќе се реализираат.

 

              Ете, почитувани граѓани, вака стојат работите во општината и сметав дека моја обврска и должност е да Ве запознаам сопревземените активности и моменталните состојби.

 

                                                                  Градоначалник

                                                                Глигор Чабулев